Паспарту
Паспарту е додатен елемент кој се користи како сепаратор помеѓу рамот и делото. Според материјалот од кој се изработени се поделени на паспартуа од картон, дрво, и плиш.

Производител на картонските паспартуа е компанијата "Peterboro Matboards" - Канада, специјализирана за изработка на обоени паспартуа за врамување. Производите се изработени од осова со безкиселински хемиски состав (до pH 8.2 +/- за неутрализирање на киселината), квалитетна основа на површина која е отпорна на кинење при сечење, достапни во над 50 бои и различни текстури.
Дрвени паспартуа се достапни од италијански и српски производители, во различен дизајн и бои.
Во прилог нудиме и плишани паспартуа на картонска основа кои најчесто се користат при касетното врамување