Стакло

При изборот на стакло има три опции за врамување:
Обично стакло 2мм -Стакло со рефлексија, со дебелина од 2мм
Антирефлекс - Матирано стакло кое не создава рефлексија, со дебелина од 2мм
Плексиглас - Пластика, имитација на стакло за врамување, со дебелина 2мм
Со неговата примена во врамувањето има 2 улоги:
Конзервација на делото - При врамување на хартија задолжителна е опцијата за врамување со стакло поради тоа што хартијата и слични материјали се подложни на надворешни влијанија како влага, прашина, кои причинуваат виткање, уништување на површината на хартијата а со тоа и на самото дело. Стаклото во тој случај има намена да го заштити делото од надворешни влијанија. Матираното стакло- антирефлекс ги одбива зраците и поради тоа исто така се употербува (најчесто кај музејски експонати) за продолжување на трајноста на делото, бидејќи го заштитува од сончевата светлина која причинува бледеење на боите или пожолтување на хартијата.
Естетска намена - Покраj практичната примена варијантите на стакло имаат и естетска улога. Обичното стакло се употребува при врамување на акварел техника, антирефлекс при врамување на пастел поради тоа што има слични визуелни карактеристики како самата техника.
Плексигласот пак најчесто се користи при врамување во детски соби, поради сигурноста во случај на кршење.