За нас

Традиција од 1974 година

Галеријата Анагор почнува официјално со работа во 1974 година и повеќе од 50 години е збирно место на сите љубители на уметноста. На веб страната можете да погледнете дел од делата на авторите со кои галеријата соработува, како и понуда на дела од стари реномирани автори – во сопственост на приватни колекции. Поради ограничениот простор во галеријата само дел од понудата е изложена таму.

Главна дејност е врамување.
Сите рам профили се изработени од дрво.
Според дизајнот рам профилите се поделени во категории при врамување на хартија, масло на платно – односно блинд рам, огледала, со посебен колорит при врамување на детски цртежи, и располагаме со додатоци при врамувањето како картонски паспартуа или слип лајсни кои нудат можност за многу комбинации.

Нудиме и можност за продажба на лајсни на големо, како и разни машини и алати за изработка на готови производи.

Нашиот тим

Тимот е составен од љубители на уметност, дизајн и професионален однос кон работата.